За решавање на македонската политичка криза претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во понеделникот имаше средба со претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов, по која изјави дека е неопходно демократско решение на ова прашање.
„За излез од кризата ви е неопходно демократско решение, засновано врз достоинство и здрав разум. Потребно е да се најде такво решение и во согласност со наведените принципи. Единствено таквото решение може да биде стабилно. Доколку го најдете, можете да сметате на наша поддршка“, изјави Туск.
Тој исто така изјави дека кризата го одолговлекува процесот на евроатлантска интеграција на Македонија.
Политикологот Мартин Мекколи смета дека, поддржувајќи ја албанската платформа, ЕУ свесно се обидува да создаде во земјата влада која ќе биде полесна за управување.
„Македонската влада е многу вознемирена од албанската етничка група во земјата која изнесува околу 25% од населението. Ова малцинство предложи промени на уставот на земјата, за да имаат Албанците ист статус како и Македонските. Се разбира, на властите на земјата тоа не им се допадна. Шефот на МНР на Албанија изјави дека нема причини за вознемиреност, затоа што тоа ќе придонесе за развојот на дипломатските односи и нема да доведе до федерализација“, објаснува експертот.
Мекколи потсетува дека Брисел веќе подолго време се меша во политиката на Македонија: во 2001 година со негова поддршка беше решен вооружениот конфликт меѓу Албанците и Македонците. Во 2015 година беше донесен Пржинскиот договор за заминување на премиерот Никола Груевски и смена на владата.
„Брисел последниве 10-15 години ѝ се додворува на Македонија и ја подготвува за зачленување во ЕУ. Ако меѓу Македонските и етничките Албанците повторно се заостри конфликтот, тоа силно ќе се одрази на шансите на Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО“, истакнува Мекколи за RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче