Лавров: Западот треба да е свесен за ситуацијата во Македонија

Москва се надева дека западните земји ќе ја сфатат опасноста на обидите да се дестабилизира ситуацијата во Македонија, изјави министерот за надворешни работи на Македонија.

„Во Македонија сега има малку посложена ситуација, ќе ја наречам криза, која во многу нешта е испровоцирана вештачки и која води кон обид за внесување раскол во општеството, со прекршување на договорите, се обидуваат да ја дестабилизираат“, изјави Лавров, говорејќи на предавањето во академијата на Генералштабот на РФ. Министерот изрази надеж дека „Западот ја сфаќа опасноста од таквите обиди“.

Во целина, Лавров истакна дека Балканскиот регион „поради некоја причина се перципира како регион на провокативни активности на Русија... и сите нормални врски на Русија со балканските земји веднаш стануваат предмет на алармантна загриженост која ја искажуваат политичарите, говорејќи, наводно, дека Русија навлегува на Балканот“.

„Ние немаме, ако може така да кажам, „страв“ од таквите изјави, ние гледаме совпаѓање во многу прашања со земјите од регионот“, изјави Лавров, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња