„Нема да ја исклучувам можноста од настанување нова ситуација“, изјави Расмусен на конференцијата на институтот „Хадсон“ на тема „Санкциите на САД против РФ: оцена на нивното влијание и издржаност“.
Притоа тој изјави дека треба да се разгледа воведување нови санкции против Русија поради ситуацијата околу Украина.
„Не толку одамна Русија призна дека сепаратистите ги презедоа украинските претпријатија на истокот на Украина. Сметам дека, очигледно, потребно е да се воведат санкции против компаниите кои беа вклучени во експропријацијата“, изјави Расмусен.
Тој истакна дека „судејќи според разговорите овде, во Вашингтон, таа варијанта (засилување на санкциите против Русија) се разгледува.
Расмусен е советник на претседателот на Украина Петро Порошенко, пишува „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче