Манифестацијата „Бесмртниот полк“ и годинава во Македонија

На 6 мај оваа година Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и здруженијата на руските сонародници во Македонија ќе ја одржат манифестацијата „Бесмртен полк“.

Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и годинава ја организира манифестацијата „Бесмртен полк“.

Во рамките на настанот се планира истакнување во Скопје на „Ѕид на сеќавањето“ на кој ќе се најдат ликови на учесниците на антифашистичкото движење.

Руската амбасада ги поканува сонародниците, како и граѓаните на Македонија кои не се рамнодушни кон сеќавањето за хероите кои се бореа против фашизмот, да земат учество во создавање на „Ѕидот на сеќавањето“.

Заинтересираните за учество во настанот треба да фотографии на нивните роднини кои се бореле против хитлеровите агресори во состав на армијата и на партизанските единици, или кои биле жртви на наци-фашистичкиот терор. Фотографиите заедно со информативните податоци (годините на живеење и кратка биографија) треба да се испратат до 26 април на електронската адреса на Амбасадата на РФ во Македонија skopje@mid.ru.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња