Германска делегација пристигна на Крим

Десетчлена делегација,составена од германски бизнисмени и регионални политичари, пристигна во посета на Крим.

Делегација составена од германски политичари и бизнисмени пристигна на Крим за лично да види што се случува на полуостровот, изјави за РИА „Новости“ првиот човек на германската национално-културна автономија на полустровот Јуриј Гемпељ.

Според него, во составот на делегацијата се десет лица, пред сѐ бизнисмени, кои се занимаваат со недвижнини, и политичари на регионално ниво – пратеници од партијата „Леви“.

Делегацијата планира да се запознае со знаменитостите на Јалта и Севастопол, а исто така планира да се сретне во Симферопол и со спикерот на кримскиот парламент Владимир Константинов.

„Секоја делегација од Германија која го посетува Крим, ги прави првите чекори многу претпазливо. Тие доаѓаат со убедување дека овде се водат борбени дејствија, дека овде дискриминираат на национална база. Но, како по правило, заминувајќи си од Крим, тие од корен го менуваат своето мислење “, потенцира Гемепљ.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња