МНР на РФ со песна му ја честита на Крим годишнината од присоединувањето

Министерството за надворешни работи на Русија им ја посвети на Кримјаните песната „Севастопол е знаме“ во чест на третата годишнина од присоединувањето на полуостровот кон Русија.

Композицијата ја објави портпаролот на МНР на Русија Марија Захарова на својот профил на „Фејсбук“.

Авторот на песната е вработен во одделот за информации и печат во МВР на РФ Василиј Харитонов.

„Кримјани, судете строго. Ако ви се допадне, ќе бидеме среќни. Ако не ви се допадне – простете ни великодушно. Но, напишано е од душа, со чисто срце“, истакна Захарова.

Според неа, секој збор и акорд „го носат чувството на онаа фантастична атмосфера на големото достигнување, кое го доживеавме заедно со вас во март 2014 година“.

„Ви благодарам за тоа што верувавте во Русија дури и тогаш кога ние, Русите, речиси и да ја немавме таа верба... За тоа што, со вашето враќање, нѐ вративте на самите на себе“, додаде портпаролот на руското МНР, пренесува „Газета.ру“.

На 18 март во Русија се одржуваат манифестации во чест на годишнината од присоединувањето на Крим со Русија.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња