Берлин: Руски хакери ги нападнаа серверите на партијата на Меркел

Хакерите „Фенси Беар“ (Fancy Bear) се вмешани во обидот за пробивање на северите на партијата на Ангела и во нападите на партиите во Бундестагот. Властите на Германија изјавија дека успеале да го спречат тоа.

Во 2016 година Германија спречила два хакерски напада кои, според мислењето на властите, ги извршиле хакерите од групата Fancy Bear. Ова во интервју за „Ројтерс“ го изјави шефот на Федералната институција за информатичка безбедност Арне Шенбом.

Според него, во мај минатата година хакерите се обиделе да ги пробијат серверите на партијата на канцеларката на Германија Ангела Меркел (Христијанско-демократската унија) во балтичкиот регион.

По неколку месеци се случил обид за хакирање на серверите на партиите во Бундестагот по пат на „фишинг“. Експертите изјавија дека при нападот хакерите го употребиле името на доменот на НАТО за да се обидат да вметнат малициозен софтвер.

„Германија сѐ уште се наоѓа во опасност во сајбер-просторот, затоа што имаме дигитализирано многу податоци“, смета Шенбом.

Установата на чие чело е Шенбом прави сѐ што може за зајакнување на одбраната на Германија против такви напади: врши мониторинг на државните мрежи и им објаснува на политичарите како да се обезбедат од сајбер-напади.

„Ние им даваме совети и им помагаме да преземат определени мерки. Но, на крајот на краиштата, секоја страна сноси одговорност (за своите дејствија)“, изјави германскиот политичар, пренесува РБК.


 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња