Русија може да го поништи признавањето на документите на ДНР и ЛНР

Москва бара првин Киев да ја исполни „Минската спогодба“ во целост за да ја поништи својата одлука.

Москва може да ја поништи одлуката за признавање на документите на самопрогласените ДНР и ЛНР ако Киев во целост ја исполни „Минската спогодба“, изјави постојаниот претставник на Русија во ОБСЕ Александар Лукашевич.

Текстот на неговиот говор е објавен на сајтот на руското МНР.

На пример, украинските власти треба да ја откажат казнената операција, да го повлечат вооружувањето, да извршат уставна реформа со зајакнување на посебниот статус на Донбас, да ги признаат локалните избори и да ја исполнат точката која се однесува на целосната обнова на социјално-економските врски, изјави Лукашевич на седницата на Постојаниот совет на ОБСЕ.

Притоа постојаниот претставник на Русија истакна дека одлуката што ја донесе Киев неделава за блокада на транспортниот сообраќај со Донбас е лишена од здрав разум и е спротивна на „Минската спогодба“, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња