„Рубеж” во програмата за развој на вооружувањето до 2027 ќе се замени со хиперсоничниот „Авангард“

YouTube
Силосниот стратешки хиперсоничен ракетен систем „Авангард” е дел од државната програма за вооружување до 2027 година. Тој ќе го замени мобилниот ракетен систем „Рубеж”, соопшти извор од руската одбранбена индустрија.

„Првично беше планирано во државната програма за развој на вооружувањето да се вклучат и „Авангард“ и „Рубеж“, но подоцна стана јасно дека нема доволно средства за истовремено финансирање на двата система. Затоа во финалната верзија на новата државна програма за вооружување ќе биде вклучен само „Авангард“, со оглед на тоа дека има поголемо значење за одбранбената способност на земјата“, изјави изворот за медиумите.

Според него, поради неможноста истовремено да се финансираат сите ракетни програми во интерес на Ракетните сили за стратешка намена во државната програма за вооружување до 2027 година не влезе ниту новиот борбен шински ракетен систем „Баргузин”.

Кон средината на март беше соопштено дека најновиот хиперсоничен стратешки ракетен систем „Авангард” ќе стапи во состав на вооружувањето на руската војска најдоцна до 2019 година. „Авангард” со хиперсонична маневрирачка боева глава е веќе пуштен во сериско производство.

Прочитајте повеќе: Новиот хиперсоничен блок „Авангард” ќе носи ракети „Стилет”

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња