Важноста на Арктикот расте како што расте глобалното затоплување: топењето на ледот отвора нови трговски патишта меѓу Европа и Азија и ги проширува можностите за црпење нафта и гас. Притоа САД, за разлика од Русија и Канада, малку внимание ѝ обрнуваат на економијата на регионот со тоа што се фокусирани на еколошки прашања, смета експертот за Арктикот Хедер Конли од Центарот за стратешки и меѓународни истражувања во Вашингтон. Редица аналитичари исто така истакнува дека некое време САД воопшто не покажуваа особен интерес за Арктикот.
Апелите за поактивен економски развој на регионот се засилија откако Русија ја објави новата воена доктрина во која се става акцент на заштитата на националните интереси на РФ на Арктикот, пишува изданието.
Неодамна Белата куќа се најде под оган на критичарите откако предложи да се формира на територијата на Алјаска резерват. Сенаторот од Алјаска Лиза Мераковски го обвини претседателот Обама за „зашеметувачки удар врз суверенитетот и способноста да се развива силна економија“.
Новата воена доктрина на Русија наиде на разбирање кај специјалниот пратеник на САД за Арктикот, адмиралот Роберт Пап. „Русија го прави она што самите ние би го правеле, кога до нашите брегови би пораснал обемот на транспорт, рече тој. – Не велам дека не треба да се загрижиме. Ние треба да ја оцениме реториката, да ги погледнеме фактите и потоа да решиме треба ли да се вознемириме“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче