Во обраќањето на пратениците се вели дека поради погромите на банкарските институции во Украина е парализирана работата на „Сбербанк“ и на „Алфа банк“, чии депоненти се милиони граѓани и во кои се вработени илјадници граѓани на Украина, пренесува „Взгљад“.
Пратениците во Државната Дума потенцираат дека органите на редот и мирот во Украина не преземале мерки за сузбивање на нелегалните активности, оставајќи ги во опасност животот и здравјето на службениците на банките.
Се потенцира дека првпат во историјата на современа Европа вработени на финансиски институции биле заѕидани во работните простории и нападнати.
Меѓутоа, органите на државната власт на Украина со своите изјави ги поттикнувале неонацистите кон вршење криминални насилни дејствија, истакнуваат руските парламентарци.
Пратениците укажуваат дека таквите дејствија се спротивни на нормите на меѓународното право, вклучително и на обврските на Украина во рамките на Советот на Европа и нејзините обврски во врска со потпишувањето на спогодбата за асоцијација ЕУ-Украина.
„Пратениците на Државната Дума ги повикуваат европските колеги, кои гласаа за спогодбата за асоцијација ЕУ-Украина, ефикасно да ги искористат своите овластувања за прекин на криминалот и насилството на територијата на Украина и да дадат адекватна оцена за постапките на украинските власти“, се вели во текстот на обраќањето.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче