Порошенко воведе санкции против пет руски банки во Украина

Украина воведе санкции против филијалите на руските банки во Украина.

Претседателот на Украина Петро Порошенко ги потврди санкциите против украинските банки со руски капитал – сега тие имаат забрана да извлекуваат пари во полза на структурите во Русија, се вели во соопштението на шефот на државата, објавено во четвртокот.

Санкциите ќе важат една година за украинските филијали на „Сбербанк“, „Виеста Банк“, „Акционерската комерцијална индустриско-инвестициска банка“, ВТБ и „БМ Банк“.

„Владата заедно со Националната банка на Украина треба да обезбедат реализација и мониторинг на ефикасноста на санкциите. (...) Контролата на исполнувањето на одлуката му се налага на секретарот на СНБО Александар Турчинов“, се вели во соопштението што го пренесува „Лента.ру“.

Претходно портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Русија по потреба ќе ги штити интересите на банките со руски капитал во Украина. Според процената на Министерството за финансии на РФ, банките со руски капитал се единствениот здрав дел на украинскиот финансиски систем.

На 14 март МНР на РФ изјави дека создавањето проблеми за тие финансиски структури може да биде „пукање во здрава нога“ за украинската власт.

Една недела претходно „Сбербанк“ на Русија информираше дека почнала да опслужува клиенти со пасоши на самопрогласените ДНР и ЛНР. Тогаш министерот за внатрешни работи на Украина Арсен Аваков изјави дека филијатата на „Сбербанк“ во Украина треба да престане со работа во Украина, а НБУ треба итно да воведе санкции против неа.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња