Русија ја укина забраната за увоз на некои производи од Турција

Во јануари минатата година Русија воведе забрана за увоз на редица видови овошје, зеленчук и други производи од Турција поради заострувањето на политичките односи по инцидентот со рускиот авион Су-24.

Руската влада донесе одлука да дозволи увоз на редица производи од Турција, меѓу кои и на каранфили, кромид, карфиол, брокула и друго.

Ова е наведено во одлуката на владата бр. 276 „За воведување измени во списокот на земјоделски производи, суровини и прехранбени производи по потекло од Турската Република чиј увоз во Русија е забранет“. Одлуката е објавена на сајтот на руската влада, пренесува „Взгљад”.

Во јануари минатата година Русија воведе забрана за увоз на редица видови овошје, зеленчук и други производи од Турција поради заострувањето на политичките односи по инцидентот со рускиот авион Су-24. Во октомври 2016 година, по средбата меѓу претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, на рускиот пазар се вратија цитрусното овошје, праските и сливите од Турција.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња