Меккејн ги обвини „Викиликс“ за врски со Русија

Американскиот сенатор Џон Меккејн изјави дека постои „очигледна врска“ меѓу Русија и „Викиликс“.

Претседателот на комитетот на Сенатот на САД за вооружени сили Џон Меккејн изјави за „очигледна врска“ меѓу Русија и организацијата „Викиликс“, соопштува „Вашингтон Егзаминер“.

„Не можам да го потврдам тоа, но очигледно е дека „Викиликс“ беа поврзани со Русија“, одговори сенаторот на прашањето дали Москва има врска со објавувањето на тајните документи на ЦИА.

Во одбрана на својот став републиканецот го наведе фактот дека поранешниот припадник на американските тајни служби и информатор на „Викиликс“ Едвар Сноуден во моментов живее во Русија.

Коментирајќи ги претпоставките на новинарите за можната врска на Русија со „Викиликс“, Меккејн изјави: „Не, се разбира, нема. Тоа го направи некој кој седи во подрумот дома во долна облека, пушејќи си цигари“.

Претходно „Викиликс“ објави повеќе од 8,7 илјади документи од интерната мрежа на Центарот за сајбер-разузнавање кој се наоѓа во седиштето на ЦИА во Ленгли. Според документите, американските специјални служби разработувале инструменти за хакирање на паметни телефони, компјутери и телевизори, како и вируси и малициозни софтвери, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња