Асанж: Обвинувањата на САД против Русија се заради дискредитација на Трамп

Главниот уредник на сајтот „ВикиЛикс“ Џулијан Асанж смета дека сегашната администрација на САД ја обвинува Русија за наводно мешање во претседателските избори со цел да се дискредитира новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Асанж го изјави ова во интервју за „Фокс Њуз“.

„Тие (сегашната администрација на САД) се обидуваат да ја делегитимизираат администрацијата на Трамп, која наскоро ќе биде во Белата куќа. Тие се обидуваат да кажат дека новоизбраниот претседател Трамп не е легитимен претседател“, го цитира Асанж изданието „Хил“.

Основачот на Викиликс, исто така, ја негираше соработката со Русија или која било друга држава. „Нашиот извор не е држава, затоа одговорот на прашањето за соработка (со руската влада) е не“, изјави тој.

Претходно во ноември беше објавено дека адвокатите на Асанж не ја исклучуваат можноста да му се обратат на Трамп со барање да се прекине истрагата против „ВикиЛикс“, пишува РТ на руски.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња