Кина е потполно уверена во односите со Русија врз кои не влијаат надворешните фактори и ќе ја зајакнува стратешката соработка во врска со меѓународните прашања, изјави министерот за надворешни работи на Кина Ван Ји.
„Потполно сме уверени во односите со Русија. Кинеско-руските односи се многу добри. Меѓу нас постојат односи на сестрано стратешко партнерство и соработка не затоа што тоа одговара, туку затоа што тоа е стратешка одлука на двете земји, воспоставена врз основа на фундаментални интереси“, изјави Ван Ји на прес-конференцијата во рамките на годишното заседание на Кинескиот конгрес на народни претставници, пренесува РИА „Новости”.
Кинескиот министер истакна дека билатералните односи во моментов го доживуваат најдобриот момент во својата историја.
„Кинеско-руските односи не се подложни на влијанието на надворешните фактори“, истакна шефот на кинеската дипломатија.
Тој додаде дека лидерите на Русија и Кина годинава ќе одржат неколку лични средби кои ќе ги подигнат односите на ново ниво. Страните ја зајакнуваат стратешката соработка во врска со регионалните и меѓународните прашања и заедно ќе работат како стабилизатори во турбулентниот свет, истакна министерот за надворешни работи на Кина.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче