„Влегувам во МНР. Во пресрет ми доаѓа амбасадорот на САД во Москва Џон Тафт. „Се изложувате на опасност кога разговарате со руски дипломати, а што ако дознае Си-Ен-Ен? Со тие зборови му посакав добро утро“, напиша Захарова на својот „Фејсбук“ профил.
Во САД продолжува скандалот околу контактите на администрацијата на претседателот Доналд Трамп со претставници на Русија, па и со рускиот амбасадор во Вашингтон Сергеј Кисљак. Својата функција веќе ја напушти советникот на претседателот на САД за национална безбедност Мајкл Флин кој призна дека не ѝ пренел на Белата куќа детална информација за разговорите околу антируските санкции со рускиот амбасадор во 2016 година. Советникот и другите претставници на тимот на Трамп го демантираа тоа.
Подоцна во „Вашингтон Пост“ се појави информација дека државниот обвинител на САД Џеф Сешнс минатата година како сенатор кој ја поддржува кампањата на Трампа двапати разговарал со рускиот амбасадор Кисљак, поради што лидерите на демократите во Конгресот на САД и Сенатот бараат негова оставка.
Марија Захарова неодамна на „Фејсбук“ покажа како американските новинари будно внимаваат на руската амбасада во Вашингтон. „Погледнете како ги „шпионираат“ руските дипломати во Вашингтон. Мора да е новинар на телевизијата „Фокс Њуз“:
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче