Министерството за надворешни работи на Русија,
PhotoXPressМинистерството за надворешни работи на Русија денеска се јави со нов коментар за ситуацијата во Република Македонија. Коментарот го пренесуваме во целост:
„Мешањето однадвор во внатрешните работи во Република Македонија зема сѐ поголем замав. На 11 декември 2016 година граѓаните на земјата на вонредните парламентарни избори гласаа за владејачката партија која го доби мнозинството гласови. Опозицијата која добива нескриена поддршка од ЕУ и САД, и покрај сите манипулации, претрпе пораз.
Меѓутоа еврокомесарот Јоханес Хан, високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и други високи претставници на т.н „просветена Европа“ која толку многу се грижи за демократските норми, продолжуваат бескрупулозно да вршат притисок без преседан врз претседателот на Македонија Ѓ. Иванов, бараат да им го даде премиерскиот мандат на опозиционерите кои се согласија со ултимативната „албанска платформа“. Битно е да се знае дека овие формулирани во Тирана мерки, кои подразбираат федерализација на Македонија, редифинирање на архитектурата на власта па дури и на државните симболи, фактички водат кон поткопување на уставните темели, а како конечен резултат - и кон дезинтеграција на земјата.
На ваквото однесување на европските чиновници му се приклучи и „шефот“ на самопрогласеното Косово Х. Тачи, кој недвосмислено ги повика македонските Албанци да „ги земат своите права во свои раце“ - во контекстот на проектот за „Голема Албанија“, која претендира на големи делови на неколку балкански земји, вклучувајќи ја и Македонија. Ова е уште еден доказ за тоа дека вештачката квазидржавна косовска творба претставува еден од најголемите извори на нестабилноста, главен носител на конфликтниот потенцијал на Балканот.
Македонските граѓани треба самите, без мешање однадвор, да решаваат за својата судбина“, се вели во денешниот коментар на МНР РФ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче