„Ги прекинуваме сите врски со Украина против која војуваме. Да, продававме јаглен за да добиваме пари и да ги исплатиме платите овде. Но, за сметка на тоа што научивме да живееме под блокада, ѝ објавуваме блокада на Украина“, изјави Захарченко, пренесува „Взгљад“.
Захарченко исто така, објави „крај на украинската јурисдикција“ на територијата на републиката.
„Имаме голем број на социјални програми, потребни ни се пари. Ние војуваме, земјата треба да се развива. Тие воведоа блокада, Проошенко тајно ја воведе за да ги осиромаши олигарсите, а ја осиромаши земјата“, заклучи шефот на самопрогласената република.
Претходно тој изјави дека, доколку продолжи блокадата на Донбас, тогаш за максимум 60 дена Украина практично ќе престане да постои.
Лидерите на ДНР и ЛНР по неисполнувањето на ултиматумот до украинските власти воведоа на неопределено време надворешно управување во голем број украински претпријатија. Оваа мерка е резултат на трговската блокада на Донбас, организирана од украинските радикали кои не можат да бидат запрени од киевските власти.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче