Видео: Летечки авиотанкер дополни со гориво 30 ловци-бомбардери над Крим

Слободан Ѓукиќ
На интернет се појави видеоснимка од воздушната дополна со гориво на руски ловци Су-30СМ и бомбардери Су-24 и Су-34 на облачното небо над руски Крим.

Во големата воздухопловна воена вежба учествуваа млади пилоти кои станаа интегрален дел на Воздушно-космичките сили на руската армија откако минатата година го завршија своето школување на пилотските воени академии.

Самата операција на дополна на борбените авиони со гориво се случи на висина од 800 метри во групна и поединечна формација. Целата операција се одвиваше на небото над рускиот полуостров Крим и во неа покрај авиотанкерот учествуваа околу 30 борбени апарати од различен тип.

Малку порано оваа група авиони, еквивалентна на три ловечко-бомбардерски ескадрили, учествуваше во големата воена вежба за напад врз група површински борбени пловила на условен непријател во Црното море. Притоа овие авиони лансираа повеќе од 40 наведувани ракети од класата „воздух-воздух“ и применија 20-30 авиобомби врз копнени цели кои непогрешливо ги погодија сите свои мети.

Во вежбата учествуваа и специјални противелектронски авиони Су-25МР кои дополнително го отежнуваа нејзиното изведување вршејќи силно попречување во радиоелектронскиот спектар.

Погледнете повеќе: Ескадрили со Су-30 и Су-34 во Црното море бомбардираа непријателски бродови

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња