Песков: Русија ќе продолжи да прави сѐ за намалување на тензиите во Донбас

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека Русија прави и ќе продолжи да прави сѐ за намалување на затегнатата ситуација на југоистокот на Украина.

„Руската страна правеше, прави и ќе прави сѐ што е можно за да придонесе во целина за олабавување на напрегнатоста во регионот, затоа што сето тоа, за жал, се алки на еден синџир, сето тоа се составни елементи на процесот за регулирање“, изјави Песков, пренесува RT.

Притоа тој потенцираше дека Русија ќе продолжи да го користи влијанието што го има, „но тоа влијание апсолутно не е безгранично“.

Претходно ополномоштениот претставник на Русија во контакт-групата Борис Гризлов изјави дека Москва го повикува Киев итно да преземе мерки за прекин на транспортната и економска блокада на Донбас.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња