На насловната страница на „Њујоркер“, називот на изданието ќе биде напишан на кирилица („The Нью-Йоркер“), а на неа ќе биде претставен рускиот претседател Владимир Путин.
An early look at next week's cover, “Eustace Vladimirovich Tilley,” by Barry Blitt: http://nyer.cm/Aj6CUlM
Уметникот Бери Блит го нацрта Владимир Путин како Јустас Тили – измислен лик од првата насловна страница на „Њујоркер“ кој се смета за симбол на изданието. Во најавата за новиот број тој се именува како Јустас Владимирович Тили. Преку монокл тој го гледа претседателот на САД Доналд Трамп, кој пак е насликан на насловната како пеперутка.
Главен материјал на „рускиот“ број ќе биде статијата под наслов „Трамп, Путин и новата студена војна“, посветена на наводната вмешаност на Русија во американските избори, пренесува „Интерфакс“.
Trump, Putin, and the new Cold War: http://nyer.cm/8H31hEH
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче