Шефот на српската држава за телевизијата РТС истакна дека за време на една од минатите посети на Белград од страна на комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хак, настапувајќи со него на заедничката прес-конференција, раскажа за двата услова за евроинтеграција што ги слушнал од гостинот.
„Во негово присуство јас соопштив дека господинот Хан ми кажа дек не можеме да одиме понатаму ако не потпишеме обврзувачи добрососедски договор со Косово и Метохија што, според мене, претставува признавање на независноста на Косово. Тој исто така рече дека без заедничка надворешна политика ние нема да успееме да станеме членка на Европската унија“, напомна Николиќ.
„Потоа беа воведени санкции против Руската Федерација, во кои ние не учествуваме и во кои требаше да учествуваме независно од тоа дали сме членки на ЕУ или не. Јас прв кажав за овие два услова, многумина во Србија ме оспоруваа дека никогаш не слушнале такво нешто, но тоа се условите кои ќе ги чуете утре“, истакна Николиќ.
Претседателот на Србија прецизираше дека засега наведените барања не се официјален став на ЕУ, но „ги навестуваат парламентите на многу земји кои ќе треба да го потврдат нашето членство, вклучително и парламентот на Германија, кому ќе му припаѓа решавачката улога“, изјави Николиќ, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче