Претседателот на Србија нема да ги поддржи антируските санкции

Белград нема да воведе санкции против Русија, дури и ако тоа го бара заедничката политика на Европската унија, изјави претседателот на Србија Томислав Николиќ на средбата со потпретседателот на САД Џозеф Бајден.

„Ние не можеме да ѝ воведеме санкции на Русија, доколку тоа подразбира доведување во согласност на надворешната политика (на Србија) со ЕУ. Ние сме поврзани со Русија и поврзани со САД, во кои живее многубројна српска заедница“, ги цитира зборовите на Николиќ прес-службата на српскиот лидер, пренесува РИА „Новости“.

Претседателот на Србија исто така истакна дека без оглед на тоа што „нема подобра опција за граѓаните на Србија од патот во ЕУ“, тој не е подготвен да потпише со самопрогласената република Косово документ кој би имал меѓународен карактер.

Од своја страна, Бајден потенцираше дека „САД не очекуваат дека Србија ќе направи избор меѓу нив и Русија“ и ја подржуваат на патот на евринтеграцијата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња