Захарова: Русија не враќа свои територии

Министерството за надворешни работи на Русија одговори на изјавите на Белата куќа за Крим.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова, коментирајќи ја изјавата на Белата куќа за Крим, изјави дека Москва „свои територии не враќа“.

„Ние свои територии не враќаме. Крим – тоа е територија на Руската Федерација“, потенцира Захарова, пренесува РИА „Новости“.

Претходно портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер изјави дека претседателот на САД Доналд Трамп очекува Русија да се зафати со деескалација на конфликтот во Украина и „да го врати Крим“.

Спајсер исто така истакна дека политиката на санкции на Вашингтон спрема Москва останува непроменета.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња