Белата куќа: Трамп очекува Русија „да го врати Крим“

Претседателот на САД Доналд Трамп очекува дека Русија ќе се зафати со деескалација на конфликтот во Украина и ќе го „врати Крим“, изјави портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер.

„Претседателот Трамп беше јасен: тој очекува руската влада да се зафати со деескалација на насилството во Украина и да го врати Крим“, изјави портпаролот Спајсер.

Спајсер исто така истакна дека Трамп сака „да воспостави добри односи со Русија, за разлика од претходната администрација“.

Портпаролот на Белата куќа додаде дека Русија и САД би можеле заедно да решаваат многу проблеми, вклучително и борба со тероризмот, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња