Рускиот лидер Владимир Путин испрати телеграма со честитки до социјалдемократот Франк-Валтер Штајнмаер по повод неговиот избор за претседател на Германија, соопштува прес-службата на Кремљ.
Путин го покани својот германски колега да ја посети Русија во секое време, а исто така изрази надеж за понатамошен развој на билатералните односи, пренесува „Лента.ру“.
Во неделата, 12 февруари, делегатите на Сојузното собрание на Германија го избраа Штајнмаер за претседател на земјата. Неговата кандидатура беше поддржана од 931 пратеник (за избор се потребни 631 глас).
Претходно Штајнмаер двапати беше на чело на Министерството за надворешни работи на Германија (2005-2009 и 2013-2017). Од 2007-2008 тој беше и заменик-канцелар.
Штајнмаер е 12-ти сојузен претседател на Германија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче