Медиуми: Советник на Трамп и амбасадорот на РФ разговараа за санкциите

Советникот на претседателот на САД за национална безбедност Мајл Флин во декември минатата година дискутирал со амбасадорот на Русија во Вашингтон Сергеј Кисљак за санкциите, и покрај демантот што следеше потоа од тимот на Доналд Трамп, пишува „Вашингтон Пост“ повикувајќи се на сегашни и поранешни официјални лица на САД.

ФБИ продолжува да ги проучува разговорите на Флин со Кисљак, и покрај тоа што неколку официјални лица истакнаа дека за санкциите навистина се дискутирало и американскиот политичар повикал да не се реагира претерано на санкциите на Обама, нема потврда дека Флин намерно верувал нивно омекнување по инаугурацијата на Трамп.

Истовремено, пишува „Вашингтон Пост“, „Кисљак добил впечаток дека санкциите можат повторно да бидат разгледани“.

Преговорите на Флин со рускиот амбасадор беа наречени од низа американски претставници за погрешни, затоа што „му даваа на Кремљ незаконски сигнал дека Москва може да очекува омекнување на санкциите“.

Флин најпрвин негираше дека дискутирал за санкциите со Кисљак, но подоцна преку својот портпаролот го повлече тој демант. Според зборовите на портпаролот, Флин „мислел, иако не се сеќава, дека се дискутирало за санкциите, но тој не може со сигурност да каже дека наведеното прашање не било поставено“.

Претходно беше соопштено дека специјалните служби на САД вршат истрага во однос на Флин откако биле пресретнати неговите разговори со амбасадорот на Русија во САД Сергеј Кисљак. Притоа се истакнува дека засега не се откриени никакви прекршоци, пишува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.