Победата на кандидатот на Републиканската партија Доналд Трамп на претседателските избори во САД може да биде добредојдена за Русија. Многумина аналитичари и порано прогнозираа дека кандидатурата на Трамп е поповолна за рускиот естаблишмент. Откако Трамп беше прогласен за победник на претседателските избори, нему му честиташе рускиот претседател.
„Русија е подготвена да направи сè што е можно за да ги врати односите со САД на одржлива траекторија“, изјави Владимир Путин.
„Ние ги слушавме прелиминарните изјави на тогаш сè уште кандидатот за претседател на САД, кои беа насочени кон обновување на односите помеѓу Русија и САД. Ние разбираме и сфаќаме дека тоа нема да биде лесен пат, со оглед на деградација во која, за жал, се наоѓаат односите помеѓу САД и Русија“, појасни Путин.
По обем на трговијата во јануари - август 2016 година САД го заземаат шестото место меѓу сите надворешно трговски партнери на Русија, десетто место според обемот на рускиот извоз и трето место според обемот на увоз.
Стоковната размена помеѓу Русија и САД за овој период се намалил за 14.5%, до 12.2 милијарди американски долари, рускиот извоз е намален во паричен износ со 15.42% до 5.5 милијарди американски долари, но според физичкиот обем се зголемил за 5.24%.
Според податоците на Министерството за економски развој, во структурата на рускиот извоз во САД кон крајот на јануари - август 2016 година главните удели на снабдување отпаѓаат на минералните производи – 33.5%, металите – 30.7%, производството на хемиската индустрија, каучук – 18.5%, машини, опрема, транспортни средства – 6.8%, скапоцените камења – 5.8%.
Претставници на економскиот блок во владата, а исто така и на рускиот бизнис не ги кријат очекувањата за релативно затоплување на односите со САД. „Русија ќе направи сè за обновување на односите со САД, вклучувајќи ја и сферата на економијата и на трговијата“, изјави првиот човек на Министерството за економски развој Алексеј Уљукаев. „Се плашам да не ја урочам надежта, така би рекол“, додаде тој. „Ние сме отворени и би сакале да го видиме истото од страна на нашите американски партнери“.
Уљукаев потсети дека веќе „две и пол години во практика се замрзнати трговско-економските односи помеѓу Русија и САД. „Немаме контакти со претставниците на САД. Бизнис работи со слаби обрти“, истакна тој.
И бизнис-средината очекува подобрување на трговско-економската соработка помеѓу САД и Русија.
„Победата на Трамп е голем настан. Генерално таа означува почетокот на времето на едноставни решенија и во политиката и во економијата“, вели во разговор со „Газета.ру“ Борис Титов, кој е овластен од претседателот на Русија да ги штити правата на претприемачите.
Во исто време Титов гледа и минуси во доаѓањето на Трамп во Белата куќа. Главниот ризик е понатамошниот пад на цените на нафтата. „Меѓу првичните ветувања на Трамп е и да ги отвори сите американски нафтени резерви, што значи континуиран пад на цените на нафтата, а тоа ќе ги зголеми проблемите на нашата економија“.
Една од главните надежи за рускиот бизнис е да се укинат или ублажат американските санкции против Русија.
„За време на предизборната кампања Доналд Трамп покажа позитивен однос кон Русија во споредба со кој било друг учесник во изборите, вклучувајќи и го и кандидатот за потпретседател Мајк Пенс. Сосема е можно надежите за поволни промени за Русија во надворешната политика на САД без укинување на санкцискиот режим, да им обезбеди на руските компании врз кои делуваат санкциите да постигнат зголемување на пораст на котирањето“, прогнозира Титов.
Главниот економист на „СаксоБанк“ (SaxoBank) Стин Јакобсен директно предвидува дека САД можат делумно да ги укинат санкциите против Русија во 2017 година. „Во 2017 година САД, најверојатни, ќе се укинат санкциите против Русија, или дел од нив“, коментира тој за Газета.ру.
Санкциите воведени од САД против Русија, го ограничуваат привлекувањето финансии од руски нафтено-гасни компании од американски финансиските структури, а исто така и снабдување со опрема и технологија за работа во длабинските шелфови и експлоатација на тешкодостапните резерви.
„Санкциите против нас не се само неправедни, ами и, според нас, тие објективно штетат на интересите на нашите американски партнери“, изјави за Газета.ру портпаролот на Роснефт Михаил Леонтиев. „Постојат основи, сепак, да се очекува дека Доналд Трамп, за разлика од претходната администрација на САД, нема намера да им наштети на интересите на американските компании“.
Според зборовите на Леонтиев, ако Трамп успее да ги исполни ветувањата за заштита на интересите на индустријата на САД, тоа не може да не влијае и на прашањето за антируските санкции.
Текстот на руски јазик на сајтот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче