Експерти ја нарекоа Меркел „главен предмет на руската пропаганда“

Москва може да влијае на идните избори во земјите во Европа, а разузнавањето на ЕУ регистрирало 2,5 илјади примери на „дезинформација од страна на Русија“, соопшти ЕУ повикувајќи се на извештај подготвен од единицата за стратешка комуникација на надворешнополитичката служба на ЕУ, специјализирана за Источна Европа.

Според мислењето на експертите, Москва наводно може да влијае на изборите во европските земји. Притоа авторите на извештајот изјавија за организирана кампања против ЕУ, потенцирајќи дека веќе „регистрирале 2,5 илјади примери на дезинформација од страна на Русија“, пренесува „Дојче Веле“.

Како што истакнува извор во надворешнополитичката служба на ЕУ, главен предмет на нападите на руската кампања за дезинформации наводно е канцеларката на Германија Ангела Меркел – нејзината политика во однос на бегалците и позицијата во однос на санкциите против Москва.

На извештајот е работено од септември 2015 година, по нарачка на владите на земји-членки на ЕУ, а експертската група била составена од 11 лица.

Минатата недела сега веќе бившиот потпретседател на САД Џо Бајден ја нарече Русија најголема закана за меѓународниот демократски поредок и изјави за наводната идна вмешаност на Москва во европските избори.

Истовремено министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров ги нарече клеветнички изјавите за наводната вмешаност на Москва во изборната кампања во САД, потенцирајќи дека на Москва наведената тема ѝ здодеала, пишува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња