Бајден очекува Русија да се меша во европските избори

Потпретседателот на САД Џо Бајден, за време на неговата посета на Давос, Швајцарија, изјави дека очекува уште сајбер-напади од Русија за вмешување во изборите.

Потпретседателот на САД во заминување Џо Бајден, исто така, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека се стреми да го уништи либералниот поредок и дека има „поинаква претстава за иднината“, пренесува „Блумберг“.

„Нивната цел е јасна – да го уништи меѓународниот либерален поредок. Со други зборови, Русија има друга визија за иднината, за што се борат насекаде“.

Потпретседателот на САД изјави дека очекува во иднина обиди на Русија да се вмеша во демократскиот процес на изборите во Европа.

Исто така, Бајден додаде дека Русија испратила во Украина „мали зелени човечиња“ за да предизвика раздор и сепаратизам. „Ние треба и во иднина да ја поддржуваме Украина, која се спротивставува на руската агресија“, изјави Бајден.

Кремљ повеќепати потенцираше дека Русија нема врска со хакерските напади во текот на изборите во САД, пишува „Известија“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња