Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) објави советски воени документи, поврзани со водењето борбени дејствија во Европа во услови на конвенционална и нуклеарна војна, соопштува „Рамблер“ повикувајќи се на „Известија“.
Покрај тоа, во комплетот документи, објавен од ЦИА, се содржат извадоци од учебниците на Академијата на Генералштабот на СССР и „стотици советски документи, кои дури и во современа Русија засега им се достапни само на лица со „таен пристап“. Сите документи од овој комплет датираат од 1955 до 1985 година.
Како што објаснува „Известија“, овој избор во суштина е направен со цел да се илустрира работата на американските тајни служби во прибирање на информации за најважниот противник. Целосниот опис на содржината опфаќа повеќе од 170 страници и содржи анализи на снимки од шпионски авиони, упатства за примената на различни видови вооружени сили и извештаи за воени вежби.
ЦИА почна да објавува документи во дигитална форма уште во 2012 година, но целосниот обем стана достапен дури во јануари 2017 година. Вкупно се работи за 11 милиони страници и материјали, службени билтени и белешки. Во Русија пристапот е отворен само за документите кои датираат до 1965 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче