Порошенко изрази сомневање дека Вашингтон може да се откаже од Киев, истакнувајќи дека новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп соопшти јавно за почитувањето на обврските на САД и се повика на сличните изјави на кандидатите за новата администрација.
Тој исто така додаде дека се потребни заеднички глобални напори за да се запре како кибернетската, така и воената агресија на Русија.
„Постои глобална сајбер-војна на Русија во целиот свет, има многу докази. Тоа е глобална опасност и светот треба да биде заедно за да се бори против таа опасност. Исто како што руската пропаганда е елемент на руската хибридна војна, така и сајбер-нападите се елемент на руската хибридна војна, независно од тоа дали се во Германија или САД“, изјави Порошенко.
Тој исто така ја потенцираше важноста на НАТО како столб на одбраната од Москва откако Трамп ја вознемири Европа, нарекувајќи ја Алијансата „застарена“.
„НАТО пред сѐ не е прашање на парите, тоа е прашање на безбедноста. Руската агресија повторно покажа дека нема друг систем на безбедност освен НАТО кој би бил ефикасен за запирање на агресијата“, изјави Порошенко.
Тој додаде дека за да ја демонстрира својата улога во својство на глобален лидер, САД ќе треба да го зацврстат трансатлантското единство.
„Америка повторно треба да стане голема“, изјави тој, повторувајќи го мотото на предизборната кампања на Трамп, пренесува РТ на руски.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче