Кремљ не се согласува со ставот на Тилерсон за Крим

Москва има намера аргументирано да му ја објасни својата позиција за Крим на идниот државен секретар на САД Рекс Тилерсон.

Москва е подготвена да му презентира на Рекс Тилерсон аргументи за припадноста на Крим на Русија, откако тој ќе почне да работи како државен секретар на САД, изјави во четвртокот портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, пренесува „Лента.ру“.

„Тоа е негов став (за нелегално присоединување на полуостровот кон Русија), примен е на знаење. Се разбира, руската страна ќе продолжи трпеливо да ја објаснува суштината на ова прашање“, изјави Песков.

Според него, Кремљ не се согласува со искажаните формулации од страна на Тилерсон и има намера аргументирано да му ја објасни својата позиција.

Како одговор на барањето за коментар на изјавата на кандидатот за функцијата државен секретар на САД дека руската војска ја преминала границата на Украина, Песков рече: „Би го оставил тоа без реакција“.

„Ние ќе му ги објасниме на државниот секретар на САД Тилерсон сите релевантни прашања кога ќе ги постави“, додаде Песков.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.