Тилерсон ветува дека нема да го признае Крим за руски

Таква изјава кандидатот за државен секретар на САД Рекс Тилерсон даде на сослушувањето во американскиот Сенат.

Русија немаше легално право на враќање на Крим во својот состав, изјави на сослушувањето во Сенатот кандидатот за функцијата шеф на Стејт департментот Рекс Тилерсон.

„Не. Тоа беше одземање на територија“, изјави тој. Според Тилерсон, САД дале „слаб одговор“ на Русија за нејзините дејствија на Крим, давајќи ѝ поттик на Москва за понатамошна активност на истокот на Украина, пренесува „Интерфакс“.

Тилерсон потенцира дека во тие околности САД требало да дејствуваат поодлучно, на пример, да ѝ даваат на Украина разузнавачки податоци за ситуацијата на истокот на земјата и да ѝ обезбедат дефанзивно оружје. Тој додаде дека сѐ уште не е исполнета „Минската спогодба“.

Тилерсон претходно изјави дека Русија се бори да ја зајакне својата улога на меѓународната сцена, сепак нејзината политика не ги зема предвид интересите на САД. Кандидатот за позицијата државен секретар на САД смета дека при бранењето на своите интереси Русија не покажува предвидливост.

„Нам ни треба отворен и чесен дијалог со Русија за нејзините амбиции, за да знаеме како да го планираме нашиот сопствен курс“, додаде Тилерсон.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња