Медиум:Американските тенкови ќе ги смират нервите на европските сојузници

Тенкови и друго оружје пристигнаа во Бременхафен во Германија, а од утре ќе ги префрлаат во Полска, каде што ги очекуваат 4000 американски војници, пренесува американскиот телевизиски канал Си-Би-Ес Њуз.

Пристигнувањето на американските тенкови и оружје во Германија претставува импозантна демонстрација на воена сила, соопштува Си-Би-ЕС Њуз. Телевизискиот канал истакнува дека целта на овој потег во суштина е да се убедат загрижените европски сојузници на Америка дека САД се подготвени заедно со нив да ѝ се спротивстават на „потенцијалната руска агресија”.

Тенкови и друго оружје пристигнаа во Бременхафен во Германија, а од утре ќе ги префрлаат во Полска, каде што ги очекуваат 4000 американски војници, пренесува американскиот телевизиски канал Си-Би-Ес Њуз.

Новинарка на американскиот ТВ-канал разговараше со генерал-мајор Тимоти Мекгваер за овој потег на Америка. Таа сакаше да дознае колку брзо американскиот претседател би можел повторно да ги повлече американските сили од Европа.

Американскиот генерал смета дека за тоа би биле потребни повеќе месеци, дури и година. Тој смета дека во секој случај, во интерес на Америка е да ја зголеми својата борбена готовност и дека дополнителни сили во Европа како фактор на одвраќаме „не можат да штетат“, иако Русија тврди дека нема намера да нападне никого, пренесува РТ на руски.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.