Поморската авијација на ВМФ РФ ќе добие околу 100 нови летала

Поморската авијација на Воената морнарица на Русија ќе добие околу 100 нови летала, изјави за новинарите во понеделникот командантот на поморското воздухопловство на ВМФ Русија генерал-мајор Игор Кожин.

„Во согласност со постојната програма за модернизација и обновување на авијацискиот парк на поморската авијација на Воено-поморската флота, во вооружувањето на единиците на поморската авијација до 2020 година ќе влезат околу 100 нови летала“, изјави Кожин, пренесува РИА „Новости“.

Кожин истакна дека во блиска иднина леталата кои се на располагање ќе бидат заменети со перспективни авијациски комплекси. На пример, составот на единиците со авиони-ловци во 2017-2020 ќе бидат пополнети со МиГ-29К и МиГ-29КУБ.

Исто така се планира обнова на хеликоптерскиот парк со јуришни хеликоптери - хеликоптери Ка-29 кои се наоѓаат во моментов во состав на вооружувањето на ВМФ РФ, ќе бидат заменети со најновите извидувачко-јуришни палубни хеликоптери Ка-52К „Катран“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.