Со што се вооружи руската армија во 2016 година

29 декември 2016 ТАСС
Претседателот постави задача - до 2021 година процентот на современата техника во војската треба да биде не помалку од 70%, а казните за неуспехот во оваа сфера треба да се максимално строги.
T-72B3 tanks
Тенкови Т-72БЗ. Извор: Игор Русак / РИА Новости

Во 2016 година борбените можности на Вооружените сили на РФ се зголемија за 14%, што помогна одбранбената способност на земјата да се одржи на потребното ниво. Ова му беше соопштено на претседателот Владимир Путин на 22 декември од страна на министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу за време на проширениот колегиум на воениот ресор. За возврат Путин истакна дека „треба уште многу да се направи во насока на зајакнувањето на нуклеарната тријада, усовршувањето на системот за предупредување при ракетен напад (СПРН) ... треба да се подобруваат системите за разузнавање и за комуникација“.

Географија на повторното вооружување

Во единиците на Централниот воен округ во 2016 година беа примени повеќе од 700 единици нови модели борбена техника: комплекси Искандер-М, зенитни ракетно-топовски комплекси Панцир-С1, 8 авиони, 3 современи модификации на хеликоптерот Ми-24, над 50 тенкови Т-72БЗ.

 Виталиј Анков / РИА Новости Виталиј Анков / РИА Новости

Над 650 единици различна современа борбена техника се доставени во единиците од Источниот воен округ. Меѓу нив се ракетните комплекси Искандер-М, крајбрежните ракетни комплекси Бастион, ракетните комплекси Тор, реагенси системи за гаснење оган Торнадо-Г.

Армијата од единицата на Курилските Острови се комплетираше со подводни ракетни комплекси Бал и Бастион. Во Камчатка стапија на воено дежурство комплексите Панцир-С1.

Панцир-С1. Виталиј Белоусов / РИА Новости Панцир-С1. Виталиј Белоусов / РИА Новости

Морнарица

ВМФ доби 24 брода. Вкупно за годинава, во споредба со другите флоти, со најмногу нови бродови и подморници е пополнета Црноморската флота. Меѓу нив се дизел-електричните подморници од проект 636.3 „Велики Новгород“ и „Колпино“. Специфична за овој проект е можноста подморниците да бидат вооружени со комплексот прецизно ударно ракетно оружје „Калибар“ за снимање на надводни и на копнени цели, а исто така со реновирана радиоелектронска опрема. „Калибар“ се претстави успешно во Сирија. Од торпедата подводниците можат да истрелуваат ракети од комплексот „Калибар-ПЛ“ на растојание до 1.500 километри. Точноста на уништување е само неколку метри.

Вкупно ВМФ доби над 100 ракети за комплексот „Калибар“ и противбротски ракети за комплексите „Оникс“.

Воздушо-космички сили

ВКС добија 139 современи летала, четири нови ракетни полка се вооружени со ракетен систем С-400. Воздушните сили во Приморјето и Карелија беа вооружени со најновите ловци Су-35С, кои беа користени во воените дејствија во Сирија.

Исто така ВКС на РФ добија надградени стратешки бомбардери Ту-160М и Ту-95МС. Холдингот „Хеликоптери на Русија“ им достави на единиците нови серии хеликоптери Ми-28Н, Ка-52, Ми-35м и на тешките воено-транспортни Ми-26.

Првиот заменик на главниот командант на ВКС на Русија, генерал-полковник Павел Кураченко вели дека се планира до 2018 година „да се создаде затворено радарски поле на антенска група на СПРН, да се започне со распоредување на елементите на системот за спротивставување на вселенските системи на оружје кои работат на нови физички принципи“.

Копнени сили

Во своите единици има примено 2.930 нови и надградени единици борбена техника. Во Копнените сили се доставени 22 илјади средства за врска, 260 беспилотни воздушни апаратот (БПЛА). Формирани се 36 војнички делови и единици со беспилотни летала. Вкупно во вооружување има над 600 комплекси со 2.000 БПЛА, меѓу кои и најновите „Орлан-10“ и „Елерон-3“.

Ракетни сили со стратешка намена

Во 2016 година на воено дежурство стапија 23 лансирни летала од ракетниот комплекс „Јарс“" во силосна и мобилна варијанти на базирање. Вкупно арсеналот на РВСП вклучува 400 интерконтинентални балистички ракети со нуклеарни боеви глави од различна класа и моќност. Во овие единици се испратени над 60% од стратешкото оружје и од боречките глави на стратешките нуклеарни сили на Русија.

Според зборовите на командантот РВСП генерал-полковник Сергеј Каракаев, влезот во вооружување на „Јарс“ „во перспектива ќе ги интензивира борбените можности на ударната група на РВСП при надминувањето на системите за противракетна одбрана и ќе го зајакне потенцијалот за нуклеарно одвраќање од страна на руските стратешки нуклеарни сили“.

Текстот на руски јазик на сајтот .

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.