Повеќе од 7 милиони луѓе учествуваа во празнувањата на Новата година, а сериозни нарушувања на јавниот ред и мир немаше, соопшти прес-центарот на МВР Русија.
„Ноќта на 1 јануари 2017 година на територијата на Руската Федерација се одржаа повеќе од 18 илјади новогодишни празнични манифестации во кои учествуваа повеќе од 7 милиони луѓе“, изјави соговорник на ТАСС.
Според него, вкупно во обезбедувањето на јавниот ред и мир учествувале 76,4 илјади припадници на органите за внатрешни работи, 10,7 илјади службеници и војници на Росгвардија, 4,5 илјади припадници на приватни организации за обезбедување, 13 илјади членови на народни дружини и 4,5 илјади претставници на козаштвото.
„Јавниот ред и мир и безбедноста се обезбедени во целосен обем, сериозни нарушување на се регистрирани“, соопшти прес-центарот на МВР.
Претходно беше соопштено дека околу 3 милиони луѓе учествувале во празнувањето на новогодишната ноќ во Москва, каде исто така не биле регистрирани посериозни инциденти.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче