Порошенко во Донбас зборуваше за украинска окупација

Претседателот на Украина Петро Порошенко, говорејќи пред војниците и граѓаните во Мариупол, изјави дека украинската окупација е времена појава.

Дел од говорот на Порошенко е достапен на „Јутјуб“.

„Украинската окупација е времена. Сигурно ќе се обединиме“, вети шефот на украинската држава, пренесува „Лента.ру“.

Не е јасно што подразбира Порошенко под украинска окупација, но неговата изјава беше дочекана со аплаузи. Подоцна видео записот се појави на официјалната страница на украинскиот претседател на „Фејсбук“. „Кореспондент.нет“ пишува дека изјавата се коментира на социјалните мрежи.

Во зоната на конфликтот во Донбас Порошенко пристигна со група сенатори од САД. Во посета на командното место на подрачјето на Широкино заедно со Порошенко беа и американските сенатори Џон Меккејн, Линдзи Греем и Еми Клобушар. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња