Конгресот на САД подготвен да воведе нови санкции против Русија

Според мислењето на конгресменот од редовите на демократите Адам Шиф, Доналд Трамп ќе се соочи со отпор доколку посака да ги укине неодамна воведените санкции.

Конгресмените од Републиканската и Демократската партија се залагаат за воведување дополнителни санкции против Русија, која Вашингтон ја обвинува за сајбер-нападите, изјави во неделата конгресменот Адам Шиф.

„Сметаме дека треба да се направи уште повеќе. Искрено кажано, не мислам дека преземените мерки (декемвриските санкции против Русија) можат да имаат доволен ефект на одвраќање“, ги цитира неговите зборовите The Hill, пренесува „Интерфакс“.

„Ќе видите дека републиканците како што се сенаторите Меккејн и Греем и другите ќе се обединат за да добијат посилен пакет санкции“, изјави тој, објаснувајќи зошто смета дека не само демократите, туку и многумина од републиканците се залагаат за дополнителни мерки на ограничување против Русија.

Според мислењето на Шиф, кој е член на комитетот за разузнавачки прашања, од страна на Конгресот на САД може да се очекуваат „уште порешителни дејствија“ доколку Доналд Трамп, откако ќе стане претседател на САД, се обиде да ги укине санкциите воведени од неговиот претходник Барак Обама.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња