Според информациите на „Вашингтон Пост“, кодот, кој Вашингтон им го припишува на „руските хакери“, бил откриен во една до енергетските мрежи во државата Вермонт. Се соопштува дека претходно ФБИ им доставиле на раководствата на клучните комунални компании кодови кои им се припишуваат на „руските хакери“ и компанијата во Вермонт ги открила во својот систем. Изданието прецизира дека во државата работат само две енергетски компании - Green Mountain Power и Burlington Electric.
Времето кога се откриени малициозните програми не се наведува, а изворот исто така не располага со информација за „намерите“ на потенцијалните хакери. Според информациите на изданието, „Русите не го искористиле кодот за нарушување на работата на системот“, меѓутоа самиот факт што добиле пристап до енергетската мрежа на земјата претставува сериозна закана за националната безбедност.
„Упадот може да биде искористен како за нарушување на работата на комуналните служби, но и како тест од страна на Русите за тоа дали можат да навлезат во дел од електронергетскиот систем“, пишува изданието, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче