„На Линија“: Руските хакери како розови змејови

„Руските хакери” во американската шоу-политика имаат улога на невидливи „розови змејови“, фиктивна закана од која треба да се заштити Америка, пишува аналитичар на порталот „На Линија“ (На Линии).

Потпретседателот на САД Џо Бајден во петокот изјави: „На претседателот Путин му праќаме порака, таа ќе биде за време на нашите избори и, со оглед на околностите, ќе изврши силно влијание“. На прашањето дали американската јавност ќе дознае каква „порака“ му е испратена на Путин, Бајден одговори: „Се надевам дека нема“.

Меѓутоа, „ВикиЛикс утринава изрази сомнеж дека би можела да се случи таква осветничка операција. Стручњаците на ВикиЛикс издвојуваат два аргументи, пренесува порталот „На Линија“.

Како прво, доколку се подготвува таков напад, тој нема да биде спроведен од ЦИА, туку од Агенцијата за национална безбедност (NSA).

Како второ, сигурно не би најавувале таков „таен напад”.

Коментаторот на порталот „На линии” оценува дека се работи за уште еден пропаганден потег, за шоу-политика која се води околу американските избори и дека овие закани немаат врска со реалноста.

Со оглед на тоа дека виртуелната закана од страна на Русија е фикција, лесно може да се сфати зошто во медиумите се лансира ваква приказна. Американците би требало да поверуваат дека врз нив е извршен невидлив напад и дека тие се ефикасно заштитени од него.

Во таква ситуација, „руските хакери” имаат улога на невидливи „розови змејови“ од чиј напад треба да се заштити Америка, пишува аналитичарот.

Ваквите лажни предизвици можеби значат дека проблемите во земјата се толку големи што вниманието на американската јавност треба постојано да се свртува кон закани однадвор, смета аналитичарот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња