Турција открила важни детали за убиството на амбасадорот Карлов

Министерот за внатрешни работи на Турција Сулејман Сојлу изјави дека истрагата успеала да открие „многу важни детали“ во случајот со убиството на рускиот амбасадор Андреј Карлов во Анкара, соопшти агенцијата „Анадолу“.

Во исто време, според зборовите на министерот, засега би било погрешно да се објават детали од истрагата во оваа фаза.

„Се трудиме да ги откриеме врските на терористот како во Турција, така и надвор од нејзините граници. Во оваа етапа е јасно определена врската на убиецот со терористичкото движење на Фетула Ѓулен. Атентатот не е резултат на личната иницијатива на терористот, терористичкиот напад бил планиран“, изјави Сојлу, пренесува РТ на руски.

Министерот исто така изјави дека убиството на амбасадорот е поврзано со терористичките напади во Турција по парламентарните избори на 7 јуни 2015 година и потенцираше дека тие настани „претставуваат синџир на еден план“.

„Турција и Русија нема да паднат во такви стапици. Политичката волја што ја покажа Москва е силна потврда за тоа и тоа ни влева надеж“, додаде министерот за надворешни работи на Турција.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња