Путин: Треба да престане историскиот пинг-понг за Курилските острови

Русија смета дека е потребно да се бараат начини за решавање на проблемот со мировниот договор со Јапонија, изјави претседателот на РФ Владимир Путин на прес-конференцијата по завршувањето на преговорите со јапонскиот премиер Шинзо Абе во Токио.

„Како што е познато, ова прашање (склучувањето на мировниот договор) се дискутира веќе повеќе од 70 години. Би било наивно да сметаме дека ќе успееме да го регулираме за час. Но да се бара решение кое би одговарало на стратешките интереси и на Русија, и на Јапонија и би било прифатено од народите на двете земји, несомнено, е неопходно“, изјави Путин, пренесува „Взгљад“.

Според рускиот претседател, „отсуството на мировен договор меѓу Русија и Јапонија до ден-денес е, несомнено, анахронизам на минатото“.

„Имајќи го предвид особениот карактер на односите меѓу Јапонија и САД и договорните обврски во рамките на договорот за безбедност меѓу САД и Јапонија, како ќе се градат овие односи? – Не знаеме. Ние сакаме нашите јапонски колеги и пријатели да ги имаат предвид сите овие нијанси и сите  грижи на руската страна“, истакна рускиот претседател.

„Островите (Курилските) потполно, ако ги реализираме плановите на господинот премиер, можат да станат не јаболко на раздорот меѓу Русија и Јапонија, туку напротив, нешто што ги обединува Русија и Јапонија“, изјави рускиот претседател.

„Ако направиме правилни чекори во насока на планот, предложен од премиерот, а тој предложи формирање одделна структура за стопанска дејност на островите, да склучиме меѓувладин договор, да изработиме механизам на соработка, на таа основа да формираме такви услови, кои би ни овозможиле да дојдеме до дефинитивно решение на проблемот со мировниот договор“, додаде Путин.

„Ние со господинот премиер вчера зборувавме, ги читав тие трогателни писма на поранешни жители на Јужните Курили. На наш поглед, треба да престане тој историски пинг-понг за тие територии. Потребно е, на крајот на краиштата, да сфатиме дека фундаменталните интереси и на Јапонија, и на Русија бараат конечно долгорочно решение“, изјави претседателот на Русија.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња