Ен-Би-Си: Путин е лично вмешан во изборите за претседател на САД

Претседателот на Русија Владимир Путин лично учествувал во вмешаноста во претседателските избори во САД, тврди американската телевизија Ен-Би-Си повикувајќи се на високопоставени извори во американското разузнавање.

Претставниците на специјалните служби на САД, како што се тврди, „со висок процент на сигурност“ сметаат дека Путин лично раководел со кампањата за мешање во изборите. До таков заклучок дошло разузнавањето, поаѓајќи од информациите добиени од „дипломатски извори и од шпиони кои работат за сојузниците на САД“, пренесува „Лента.ру“.

Еден од високопоставените соговорници на Ен-Би-Си во разузнавањето изјави дека првичната цел на Путин била да се одмазди на кандидатката за претседател на САД од редовите на демократите Хилари Клинтон. Потоа напорите биле насочени кон демонстрација на корумпираноста на американската политика и обидите за внесување раскол во редовите на клучните американски сојузници со „помош на создавање претстава дека  (другите земји) повеќе не можат да сметаат на САД како на сигурен светски лидер“.

ЦИА и управата за Национално разузнавање на САД не ја коментираа наведената информација.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња