Во интервју за „Фокс Њуз“ новоизбраниот претседател на САД изјави дека не верува во извештајот на американските тајни служби кои дојдоа до заклучок дека Русија била вмешана во хакерски напади во текот на изборите, што на крај можело да му помогне на Трамп.
„Според мене, тоа е смешно. Не верувам во тоа“, изјави тој во интервјуто, пренесува Би-Би-Си на руски.
Трамп ги обвини своите противници-демократите за ширење на ваквите тврдења во медиумите, изјавувајќи дека не верува дека истите навистина потекнуваат од ЦИА. Според него, демократите едноставно се обидуваат да најдат оправдување за својот пораз на изминатите претседателски избори.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче