Во текот на своето обраќање Пауер изјави дека ситуацијата во Алепо ќе остане запаметена во серијата на оние настани во историјата на светот кои го „дефинираат современиот поим за злото“ и дела ќе останат како дамка на совеста на меѓународната заедница. Таа меѓу таквите ги наброја и нападот со гас напад врз ирачките Курди во 1988 година, геноцидот во Руанда во 1994 година и настаните во Сребреница во 1993 година, пренесува „Взгљад“.
„Режимот на Асад, Русија и Иран, вашите војници и марионети ги вршат тие злосторства. Вашиот експлозивни буриња, гранати и воздушни напади им овозможија на вооружените одреди во Алепо да опколат илјадници цивили и да им врзат јамка околу вратот. Треба да се срамите поради тоа“, изјави постојаниот претставник на САД во ОН.
Пред нејзиното обраќање обвинувања против Русија изнесоа и постојаните претставници на Велика Британија и Франција, Метју Рајкрофт и Франсоа Далатр.
Како одговор на ова, Чуркин изјави дека не сака да ја потсетува „западната тројка” за нивната улога во формирањето на терористичката организација „Исламска држава”, што е последица од нивната интервенција во Ирак 2003 година, како и на нивното „расплеткување на сириската криза”.
„Но особено необично ми се стори излагањето на претставничката на САД, која своето обраќање го оформи небаре е мајка Тереза. Сетете се која земја ја претставувате! Сетете се на военото досие на вашата земја! А потоа обидете се да размислувате од позиција на морална и некаква друга супериорност. А кој за што е виновен, мислам дела ќе решат историјата и Господ Бог“, изјави рускиот дипломат.
На говорот на Саманта Пауер реагираше негативно и постојаниот претставник на Сирија, Башар Џафари, кој ги цитираше зборовите на Лав Толстој дека првин треба да се погледнеме себеси, а потоа да им судиме на другите.
„Мојата влада не е одговорна за злосторствата за кои ја обвинуваат и не извршила геноцид“, изјави дипломатот.
Притоа тој потсети дека САД извршија воени злосторства во виетнамската кампња и дека сносат одговорност за трговско-економската блокада на Куба и бомбардирањето на Србија.
Дипломатот рече дека сириската војска има само една цел: да ги заштити своите граѓани и покажа фотографии на кои се гледа како војници им помагаат на цивилите да го напуштат источно Алепо.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче