„Контратерористичката операција во Алепо ќе биде завршена во рок од неколку часа, сите милитанти заедно со членовите на нивните семејства и ранетите во моментов се повлекуваат преку договорените коридори во правците кои тие самите ги одбраа, вклучително и во правец на Идлиб“, изјави Чуркин во вторникот на седницата на Советот за безбедност на ОН, пренесува „Интерфакс“.
Според дипломатот, „во моментов сириската армија привршува со ослободување на Алепо од радикалните милитанти, вклучувајќи ги и терористите на „Ан Нусра“, кои претходно повеќе пати одбиваа да го напуштат градот по безбедните маршрути“. „Згора на тоа, тие не само што продолжуваа да вршат борбени дејствија против владините сили, изјавувајќи дека подобро ќе умрат отколку да се предадат, туку и редовно ги гранатираа мирните квартови на Алепо“, потенцираше Чуркин.
Тој исто така истакна дека милитантите „на секој начин го попречуваа повлекувањето на цивилите од контролираните од страна на нелегалните вооружени групи мирни реони на градот, вклучително и со отворање оган врз граѓаните кои се обидуваа да избегаат од западниот дел на Алепо“. „Овој факт е потврден со бројни сведоштва, вклучително и од персоналот на меѓународните хуманитарни агенции“, изјави дипломатот.
Претходно Чуркин потврди дека е постигнат договор за повлекување од Алепо како на цивилите, така и на милитантите.
Од своја страна, извори во сириската воена команда во коментари за западните медиуми потврдија дека постои договор за прекин на огнот во Алепо за повлекување на милитантите. Во извештаите се цитира неименуван претставник на командата кој објасни дека, според неговите информации, во рамките на договорот во средата наутро ќе започне евакуација на милитантите од градот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче