Чудно е да се слушнат изјави за можна руска закана од хрватските власти, сепак, Москва е подготвена да разговара за аргументите на Загреб, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.
Претходно во медиумите се појавија изјави на претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ, за можен воен конфликт на Балканот, затоа што Русија активно влијае на настаните во регионот.
„Знаете, се знаеме со претседателката на Хрватска, со неа имам, мислам, дури и нормален однос, уште кога таа беше министерка за надворешни работи, и чудно ми е да слушам такви зборови од устата на шефица на држава со која Русија сака да биде пријател, како и со сите други држави на Балканот и на европскиот континент. Ако госпоѓата претседател има конкретни факти што потврдуваат овие изјави, ние сме подготвени да дискутираме за тие факти“, изјави Лавров изјави во интервју за „Спутник“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче